Дали сте наставник на ученици од 6 до 14 годишна возраст и сакате да работите на Цел 11 од Програмата за Одржлив развој на ОН - Одржливи градови и заедници? Целта на следниот ресурс е да ве запознае со концептот за одржливи градови и истиот ќе ви помогне како да ј а интегрирате оваа тема во наставата. Сите ресурси ви се достапни бесплатно како отворени образовни ресурси.

Прирачник

" Во секој модул наставниците имаат увид во разновидни аспекти на одржливите градови, кои се соодветни за ученици на возраст од 6 до 14 години. Истите опфаќаат разновидни содржини, почнувајќи од ефективно управување со природните ресурси, зајакнување на биодиверзитетот во градовите, овозможување на кохабитација со другите видови, креирање на инклузивен простор и инфраструктура со цел зацврстување на поврзаноста помеѓу човекот и природата. Секој модул не само што е поврзан со прирачникот, туку е исто така и директно поврзан со предлози за конкретни активности, кои ги нуди наставната програма. "



Наставна програма

"Наставната програма претставува збирка од интерактивни и експериментални активности, кои се фокусирани на ученикот и истата ќе им помогне на наставниците при работата на темата -Одржливи градови и заедници заедно со нивните ученици (на возраст од 6 ди 14 години). Активностите се распоредени согласно на темите на модулите на прирачникот, но исто така дадени се и насоки за нивно прилагодување во зависност од возраста на учениците, разликите во условите за настава и можностите на учениците. Наставната програма им овозможува на наставниците примена на креативни и иновативни методи за да ги поттикнат учениците за земање учество во одржливоста на градот, почнувајќи од нивното училиште и заедницата. "



Анимирани видеа

"Партнерите на проектот продуцираа анимирани видеа, поврзани со темите на прирачникот и наставната програма. Во овие видеа ќе бидат доловени различните аспекти на одржливоста на градот на едноставен, визуелно привлечен и забавен начин, со цел поттикнување на учениците за одржливо трансформирање на нивната непосредна средина. "