Дознајте повеќе за партнерите кои се вклучени во овој проект. Ние сме од Италија, Северна Македонија, Србија и Германија и со задоволство ќе ви ги претставиме нашите организации.

Fondazione Hallgarten-Franchetti Centro Studi Villa Montesca (FCSVM), Italy

Фондацијата Hallgarten Franchetti Centro Studi Villa Montesca ја продолжува традицијата на институцијата Centro Studi е Formazione Villa Montesca, основана во 2001 година во Вила Монтеска, каде во 1909 година Марија Монтесори организира семинар кој што ја поставува основата на првата публикација на научниот педагошки метод, познат низ светот како „Монтесори метод“.

Целта на активностите на оваа организација е развивање на ефикасен образовен систем кој ќе помогне во надминување на образовните бариери и ќе го забрза препознавањето на резултатите од учењето постигнати во формалните и неформалните пристапи, со цел поттикнување на активно учество во процесот на учење на оние лица, кои заради маргинализација се можеби исклучени од него.

Centro Studi Villa Montesca денес креира и испробува нови дидактички методи и педагошки перспективи за основно, средно и средно стручно образование, образование за возрасни и образование за млади со посебни образовни потреби. Фондацијата исто така обезбедува додипломски, постдипмломски и иновативни курсеви за професионална надградба со цел подготовка на специјализирани профили во областа на обновлива енергетика и животната средина, креирање на одржливост, енергетски баланс на градежниот систем, дизајнерски и конструкциски решенија за штедење на енергија , културно наследство и цивилна заштита.
До веб-страницата

Eco Logic, North Macedonia

Еко Логик е непрофитна организација која работи на заштита и зачувување на животната средина, промовирање на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржлив развој, со посебен акцент на примарната образовна средина (формална и неформална), градинки, основни и средни училишта, како и универзитети.
Нашата организација ги поттикнува и поддржува позитивните промени во животната средина во форма на:

Eко Логик, има развиено силна мрежа на соработка со 150 основни училишта и 30 средни училишта низ Македонија. Соработува и со Град Скопје (Одделение за образование), Центарот за образование на возрасни и Бирото за развој на образованието.
До веб-страницата

OOU Petar Pop Arsov, North Macedonia

Сместено во Оштина Карпош во Скопје и изградено во 1970 година, Основното Училиште „Петар Поп Арсов“ обезбедува високо квалитетна образовна средина која ги подржува учениците да го дадат најдоброто од себе во своите постигања и развивање на позитивни визии за својата иднина. Моменталниот број на ученици кои го посетуваат ова училиште е 730, кои потекнуваат од разновидни културолошки средини и учат во паралелки од 1-во до 9-то одделение. Со цел поттикнување на технолошки напредок, интерактивно учење и комуникација, училниците и кабинетите на училиштето се мрежно покриени со интернет, поседуваат комјутерска опрема за наставници, ЛЦД проектори, смарт табли и комјутерска опрема за ученици во кабинет по информатика. На тој начин, училиштето е едно од најсовремените државни училишта во околината. Примената на ИКТ во наставата не само што им овозможува на учениците да бидат покреативни, туку исто така им овозможува и на наставниците да користат поиновативни методи во наставата. Учениците се поттикнуваат да учествуваат во разновидни едукативни активности во областа на спортот, драмската уметност, музиката, ликовната уметност, јазиците, како и да учествуваат на ученички натпревари.

Наставниот кадар, кој брои околу 60 наставници и администрација, обезбедува широк спектар на програми кои се во согласност со Националните образовни планови и програми. Наставниците и административниот кадар посветено работат на давање на индивидуална подршка на секој ученик, како и на учениците со пречки во развојот. Нашиот наставен кадар во континуитет посетува конференции, семинари, работилници и се вклучува во европски проекти заради понатамошно зголемување на постигнувањата и подобрување на нивните наставно-образовни вештини.
До веб-страницата

BALKAN URBAN MOVEMENT (Udruzenje Gradjana Bum), Serbia

Balkan Urban Movement (BUM) е невладина организација основана во 2002 година во Белград од група млади луѓе кои сакале да го променат своето општество преку активизам. Оттогаш, организацијата прерасна и се промени од младинско здружение во организација која работи на раст и развој на заедницата.

Мисијата на BUM е да ја стимулира креативноста и иновативноста на групи и поединци кои ќе доведат до одржлив развој на Балканот. BUM се фокусира на три главни столба во својата работа: 1- граѓанско општество и активизам, 2- креативност и иновации и 3- одржлив развој на заедницата. Во текот на изминатите две децении од својата работа, BUM има реализирано над 100 проекти во кои биле вклучени илјадници млади луѓе од цела Европа.

Со цел промовирање на концептот за зачувувањето на животната средина, BUM соработувал со Националниот парк Фрушка Гора и работел на промоција на потенцијалите за еко-кампување во Србија. BUM, исто така, организирал работилници и обуки во областа на заштитата на животната средина користејќи методи на меѓукултурен дијалог. Во 2021 година BUM станал партнер во проектот „Се е поврзано со одржливоста“, чија цел била размена на идеи за средствата за обезбедување на одржлив раст.
До веб-страницата

Wisamar non-profit educational institute, Germany

Образовниот институт Wismar е непрофитна организација лоцирана во Лајпциг, Германија, која има за цел да го промовира образованието, толеранцијата и меѓународното разбирање. Од своето основање, Wismar е посветен на соработка и размена на европско и меѓународно ниво. "

Сметаме дека еколошката одржливост е трансверзално прашање кое припаѓа на сите образовни институции, почнувајќи од оние за образование на најрана возраст, до стручното образование и образованието за возрасни. Во нашите проекти, развиваме ресурси и алатки кои ги поттикнуваат луѓето од сите возрасти да бидат дел од одржливи решенија. Работејќи со интересни методологии кои се насочени кон ученикот и се вкоренети во секојдневниот живот и секојдневните активности на луѓето, нашите целни групи можат да го истражат својот потенцијал за постигнување на поодржлива иднина.

Нашиот проект ( https://thinktwice.management/ ) , кој промовира одржливо управување со проекти, неодамна беше награден за најдобра практика од страна на Германската национална агенција.
До веб-страницата